Малициозните закани за Android уредите земаат сè поголем замав. Истражувачите за безбедност Trend Micro открија нова мобилна злонамерна апликација за Android која се претставува како Google+ апликација. Апликацијата може да снима телегонски разговори, да ја дознава GPS локацијата на уредот, да ги собира пораките и телефонските записи. Сите овие информации се испраќаат на
Малицизоната апликацијата, која за да се прикрие го користи логото на Google+, е всушност варијанта на вирусите ANDROIDOS_NICKISPY.A и .B, кои исто така беа неодамна пронајдени од Trend Micro, и ја содржи истата структура како и овие малициозни апликации. Оваа варијанта се вика ANDROIDOS_NICISPY.C и ги користи сервисите AlarmService, SocketService, GpsService, CallRecordService, CallLogService, UploadService, SmsService, ContactService, KeyguardLockService…
Покрај можноста за собирање лични информации од уредите, оваа апликација може и да добива команди преку пораки. Исто така оваа апликација, за разлика од останатите, може автоматски да снима разговори, но оваа опција функционира само на уредите кои имаат Android 2.2 или помали верзии. Карактеристичното за вирусот ANDROIDOS_NICISPY.C е што може и да се јавува на повици, но ова се случува само доколку екранот на телефонот е исклучен.
Иако сега за сега овој вирус не е многу раширен, и не може да се најде на Android маркетот, сепак вреди да се биде претпазлив и да се внимава на кои апликации се инсталираат на мобилен. Остранувањето е многу лесно, сè што треба да се направи е да се избрише апликацијата. За да го препознаете овој вирус, кога инсталирате Google+ апликација, гледајте да има еден плус, бидејќи вирусот се инсталира под името Google++.
The post Најдена злонамерна апликација за Android скриена како Google+ appeared first on IT.com.mk.